Croatia osiguranje

КОКО ЈА ЗАПОЧНУВА СВОЈАТА АВАНТУРА

Објавено на: 28/03/2012

Малиот крокодил – КОКО, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот, ја започнува својата авантура.


Во наредниот период  КОКО ќе можете да го сретнете речиси секаде. Во детските градинки, основните училишта,  Луна паркот, Зоолошката градина, Плоштадот Македонија ...ќе биде таму - каде ќе може да се дружи со Вашите најмили.
Ќе им понуди одлична забава. Можност бесплатно да се фотографираат, ќе им подели балончиња, а Вас бесплатно ќе Ве информира со карактеристиките и бенефитите на КОКО детското штедно осигурување.
Ќе Ви понуди ексклузивна можност да го осигурате Вашето дете и притоа да заштедите за неговата иднина, а за секоја склучена „КОКО полиса“ ќе Ве награди со поклон бон. 
Но, и тоа не е се!
КОКО има дополнително изненадување, а тоа е наградната игра „Најсреќно дете“. Право на учество во наградната игра ќе имаат сите деца кои во текот на 2012 година ќе станат наши Осигуреници. Најсреќното од нив, заедно со целото свое семејство, КОКО ќе го одведе на незаборавна авантура во магичниот Дизниленд. 

За сите дополнителни информации поврзани со овој проект или со КОКО Детското Штедно Осигурување Ве охрабруваме да не контактирате!