Осигурувањето на живот е долгорочно решение, кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите. Она што е особено интересно кај осигурувањето на живот е тоа што сами одлучувате колку сакате да штедите, односно сами ја креирате осигурената сума. Не постои некоја универзална формула која би ги задоволила потребите и желбите на секој клиент. Бидејќи, нудиме програма која е совршено прилагодлива и секоја полиса претставува единствено решение.
Комбинацијата на осигурување на Живот со дополнително осигурување од тешки болни состојби и осигурување од незгоди, т.н. КРОАЦИА ПРЕМИУМ програма, се покажа како најдобра понуда за осигурениците.
Животното Осигурување е речиси задолжително за членот на семејството со највисоки месечни примања, членот од кого финансиски зависат останатите членови на семејството.
Доколку сеуште не сте размислувале за животно осигурување, обидете се да си ги поставите следниве прашања:
- Дали некој финансиски зависи од мене?
- Што ќе се случи ако јас или сопругата не сме тука утре?, Колку приходи ќе изгуби моето семејство?
- Ќе може ли семејството да го задржи домот?
- На кој факултет сакам да ги школувам децата?
- Колку ќе ме чини едногодишно образование на децата?
- Колку имам заштедено досега?
- Колку пари би сaкал да имам кога ќе се пензионирам?
- Што би сакал да правам кога ќе се пензионирам?
- Ќе постои ли Пензиското осигурување кога ќе дојде време за пензионирање?
- Всушност, основна филозофија на осигурувањето е дека за можните непосакувани настани секогаш треба да се размислува однапред, односно да се размислува превентивно. Она што го прави Животното осигурување уште по интересно е неговата штедна компонента. Животното осигурување е еден вид на инвестиција во сигурна економска иднина.
- Доколку досега не сте размислуваме за Осигурување на Живот, сега е вистински момент да го направите тоа, а ние Ви ќе Ви откриеме само дел од неговите бенефити и придобивки:
- На средствата кои континуирано ги вложувате им се препушува добивка
- Создавате капитал за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено по заминивањето во пензија,
- Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД
- Се заштитувате и себе и своето семејство во случај на болест или незгода
- Го заштитувате своето семејство во случај да го изгубат главниот финансиски извор