Животното осигурување станува се поатрактивно за македонските граѓани кои се повеќе ја согледуваат корисноста на полисата за животно осигурување. Се повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици.
Водечката осигурителна компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, оваа година ги започна и првите исплати на осигурени суми кон осигурениците кои склучиле полиса пред точно 10 години. Имајќи го предвид самиот концепт на животно осигурување кое подразбира повраток на сите вложени средства по истекот на осигурувањето заедно со пропишана добивка, од Компанијата велат дека оваа година ќе исплатат осигурени суми кон првите осигуреници во износ од половина милион евра.
Во април оваа година Компанијата ја имала првата исплата на осигурена сума за доживување кон својот прв осигуреник кој и ја подарил својата доверба на компанијата пред десет години и воедно останал лојален целиот овој период. Г-динот Ване Јакимов задоволен од соработката со Кроациа Осигурување и сигурен во исправноста на својата одлука, по истекот на првичниот договор од 10 години, склучил нова полиса за животно осигурување во траење од дополнителни 5 години.
Прим. Др. Благоја Алексоски, долгогодишен осигуреник во Кроациа Осигурување – Живот, истакнува дека: „Животното осигурување претставува една можност, и тоа добра можност, која му овозможува на човекот сигурна иднина. Одвојувајќи денес, само еден мал сегмент од своите ресурси, може истите да ги користи тогаш кога ќе му бидат најпотребни“. Благоја додава дека склучил договор за животно осигурување на период од 14 години и дека до истекот на неговата полиса остануваат уште 6 години.
„За нас како компанија задоволството на нашите осигуреници е од непроценливо значење. Возвишено е чуството да знаете дека имате лојални осигуреници во период од 10 години, уште повеќе кога нивната доверба и задоволство се потврдува така што ведаш склучуваат нови полиси. Минатиот месец двајца сопружници, а воедно и наши осигуреници во период од 10 години, исплатата на осигурена сума за доживување зголемена со припишана добивка во износ од 30.000,00 евра ја наменија за склучување на нова полиса за својата ќерка, па така, полисата за животно осигурување веќе станува подарок и навика која се пренесува од генерација на генерација.“ – изјави генералниот директор, Вилма Учета Дузлевска
Од компанијата известуваат дека од април годинава па заклучно месец август бил исплатен износ од 296.000,00 евра по основ на осигурени суми за доживување. Од овие исплати дури 53 осигуреници се одлучиле дел или целиот износ од исплатените средства да ги пренаменат за склучување на нова полиса за животно осигурување. До крајот на годината од компанијата ќе исплатат дополнително уште 199.000,00 евра по основ на истечени договори за животно осигурување.