Според официјалните податоци на Национално Биро за осигурување на Р. Македонија за состојбите на македонскиот осигурителниот пазар, првиот квартал од 2010 година за Кроациа Осигурување – Живот е повеќе од успешен: Компанијата е се поблиску до целта да го завземеме водечкото место на пазарот на животно осигурување во земјава. Трудот кој го вложуваме да го завземеме доминантниот удел на пазарот и притоа да понудиме квалитетни осигурителни производи и услуги адаптирани на потребите на клиентот, вроди со плод.
За тоа говори фактот дека во првиот квартал од 2010 година го зголемивме своето пазарно учество за 6,6% во однос на 2009 година. Вкупниот удел на пазарот на 31.03.2010 година изнесува 44,3%. Податокот дека за помалку од 1 година успеавме да освоиме дополнителни 10% од пазарот на животно осигурување зборува за нашиот квалитет, традиција, иновација и посветеност кон Осигурениците.
Напорите за доминантност на пазарот и успешност на Компанија нема да запрат. Продолжуваме понатаму со уште поголем ентузијазам за нови успеси, се со цел задоволство на нашите постојнии и идни Осигуреници.