Малиот крокодил - КОКО ќе прерасне во заштитен лик на детското штедно осигурување, кое од 01.01.2012 година ќе го красат нови ексклузивни карактеристики. КОКО ќе Ви донесе ведрина, а Кроациа Осигурување – Живот нови можности кои го прават овој производ поактуелен и прилагоден на Вашите потреби.
Веруваме дека не постои поубаво чувство од сознанието дека на Вашите најмили сте им подариле сигурност. КОКО ќе Ви помогне на Вашите најмили да им овозможите среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина. Ви нуди eксклузивна можност да ги осигурате од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нив. Со КОКО олеснете им го зачекорувањето во светот на возрасните.
Едукацијата е мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција. Ова патување содржи многу значајни моменти – години на школување, испити, приемни испити за високо образование, професионални курсеви. Со оглед на зголемените трошоци за образование, се наметнува како нужност навремено постепено планско штедење. Кроациа Осигурување – Живот Ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување на најдобра едукација за своето дете. Со склучување на КОКО - полиса на најрана возраст на Вашето дете, испланирајте ги заштедите и исплатите за образование на Вашето дете, на начин прилагоден на образовното патување.
За нас во Кроациа Осигурување – Живот примарна препорака за потребите од КОКО – полиса е планот за сигурно и квалитетно образование на Вашето дете. Затоа топло Ви препорачуваме комбинација на КОКО и стипендиска рента како решение кое обезбедува периодични исплати во насока на пресретнување на овие образовните трошоци. Секако, секој ги планира своите заштеди согласно своите потреби.
КОКО ќе Ви помогне да заштедите за Вашето дете и истовремено ќе го награди со вредносен ваучер. На крајот на 2012 година ќе извлечеме едно најсреќно дете, кое КОКО заедно со целото негово семејство ќе го одведе во Дизниленд.
Подарете му сигурна иднина на Вашето дете и овозможете му полисата КОКО да стане билет кој ќе го одведе до местото каде детските фантазии стануваат реалност.
За дополнителни информации очекуваме да не контактирате!