Со годишен раст на премијата од 45 отсто и зголемување на добивката од 6,15% отсто, 2011 година е најуспешна година во постоењето на Кроациа Осигурување – Живот, според официјалните податоци за состојбите на македонскиот осигурителен пазар. Кроациа Осигурување - Живот ја задржа тенденцијата за двоцифрен раст на пресметаната премија.
- Зголемената конкуренција на пазарот беше предизвик кој позитивно влијаеше на нашиот ентузијазам да ја задржиме лидерската позиција – велат од компанијата.
За Кроациа Осигурување - Живот одличните резултати во 2011 година се резултат на бројните проекти, новитети и наградни игри кои ја одбележале годината.
- Трудот кој го вложуваме да го завземеме доминантниот удел на пазарот и притоа да понудиме квалитетни осигурителни производи и услуги адаптирани на потребите на клиентот, вроди со плод. На пазарот сме препознатливи како Компанија која ги насочува своите напори и активности кон идните, но и кон постојните осигуреници. Се издвојуваме како креативна Компанија со развиен систем на грижа за корисниците – изјавуваат од Кроациа Осигурување Живот.
Изминатата година ја одбележа и откупувањето на пакетот акции со што од декември 2011 година мнозинскиот пакет акции (92,5%) го поседува Croatia Osiguranje d.d. Zagreb, остатокот од 7,5% го поседува КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ - ЖИВОТ.
Одбор на Директори на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ - ЖИВОТ поради позитивните остварени резултати во 2011 година донесе одлука за припишување на добивка на полисите за осигурување на живот кои согласно условите се стекнале со тоа право.
- Напорите за успешност на компанијата нема да запрат. Продолжуваме понатаму со уште поголем ентузијазам за нови успеси, сè со цел задоволство на нашите постојни и идни осигуреници – порачуваат од Кроациа Осигурување - Живот.