Croatia osiguranje

ДОБИТНИЦИ НА ПРЕСТИЖНИ НАГРАДИ

Објавено на: 13/03/2012

Кроациа Осигурување – Живот АД оваа година ја одбележи со неверојатни проекти и престижни награди за НАЈДОБРИТЕ. На својата прослава, по повод 6 години успешно работење на македонскиот пазар, Кроациа осигурување – Живот ги обелодени имињата на НАЈДОБРИТЕ и НАЈСРЕЌНИТЕ за 2011 година.

Проф. Д-р Жарко Костовски беше награден со мини Notebook компјутер и му беше врачена благодарница за менторство и подучување.  

Проектот НАЈДОБАР ЗАСТАПНИК беше нешто што на неверојатен начин ги мотивираше нашите застапници, но сепак како најдобар од нив се издвои Г-динот Трајче Стамков кој беше награден со петдневно патување во Париз. 

Најсреќниот меѓу редовните плаќачи избран преку системско извлекување со зададени критериуми за континуирана редовност во плаќањето беше награден со седумдневно патување во Банско во хотелот Кемпински. Оваа година среќата и се насмевна на г-ѓа Матиќ Јулија.

Најсреќното дете за 2011 година кое заедно со целото семејство ќе отпатува на петдневно патување во Дизниленд е малата Дина Хасиќ.

Проектите кои Кроациа Осигурување – Живот ги спроведе оваа година наидоа на доста позитивни реакции од страна на нашите осигуреници и соработници, затоа наградувањето ќе продолжи. И следната година подготвуваме пријатни изненадувања за редовните плаќачи, успешните застапници и среќните деца.

За таа цел Ве покануваме на постојано следење на сите информации и активности на Кроациа Осигурување – Живот преку нашиот  web портал.