Croatia osiguranje

ЗАПОЧНЕТЕ ЈА ВАШАТА КАРИЕРА ВО Кроациа Осигурување – Живот А.Д.

Објавено на: 06/10/2011

Кроациа Осигурување – Живот е компанија која пред себе има поставено амбициозни цели за чие остварување има пoтреба од креативно ориентирани, високо мотивирани и квалификувани личности, кои со ентузијазам и висока ангажираност ќе ги спроведуваат и реализираат нашите заеднички цели.  За таа цел, со задоволство Ви соопштуваме дека на 01.01.2012 годна  Кроациа Осигурување – Живот за прв пат ќе започне со спроведување на програма за практикантска работа.

Развојот на млади кадри во Р. Македонија е една од стратешките определби на нашата компанија, затоа одлучивме на студентите да им овозможиме да се стекнат со професионално искуство. Имено, студенти од повеќе факултети, приватни и државни, своето практикантско искуство ќе можат да го стекнат во период од 1 до 3 месеци.  Практикантите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во областа на осигурувањето на живот, каде освен со производите ќе се стекнат со практично знаење и искуство за преговарање, комуникациски техники и вештини.

Искористете ја дадената можност, покажете и докажете дека Вие сте правилниот избор, личност која може да одговори на предизвиците на бизнис секторот. Бидете активни во практицирањето, покажете иницијативност и желба за успех.

Кроациа Осигурување – Живот ќе Ви понуди одлична работна атмосфера, каде ќе можете да добиете искуство за тимска работа, учество на состаноци како и можност да го почувствувате секојдневниот ритам на еден работен ден.

За нас како компанија од исклучителна важност се правилниот избор на практиканти и укажувањето на поддршка при нивното навлегување во професионалниот живот во команијата.  За Вас ова е одлична можност за започнување на кариера во осигурителниот бизнис и можност еден ден да бидете дел од големото семејство на Кроациа Осигурување – Живот.

Сите заинтересирани можат да ги испратат своите апликации на е-mail contact@cro.mk со назнака за практикантски програм.