Croatia osiguranje

CROATIA GOLD CARD

Објавено на: 01/07/2015

Ви благодариме за укажаната доверба и дозволете уште еднаш да ја наградиме Вашата лојалност! 


Сите Кроациа ВИП Осигуреници се стекнуваат со право на користење на CROATIA GOLD КАРТИЧКА ЗА ЛОЈАЛНОСТ.

Статус на Croatia ВИП Осигуреници имаат оние кои: 
  • Склучиле полиса за осигурување на живот со годишна премија над 1.000. евра; 
  • Склучиле полиса за осигурување на живот по истек на првичен договор. 

Croatia GOLD  картичка за лојалност за сите Кроациа ВИП Осигуреници ги овозможува следните  поволности :

СИТЕ ПОВОЛНОСТИ НА СТАНДАРДНАТА КРОАЦИА КАРТИЧКА ЗА ЛОЈАЛНОСТ
ПОПУСТ НА ПОВЕЌЕ ОД 250 ЛОКАЦИИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

20% ПОПУСТ ВО ХОТЕЛИТЕ НА ГРУПАЦИЈАТА МАИСТРА
ВО РОВИЊ, ВРСАР И ДУБРОВНИК (www.maistra.com)

ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НА ДОЛУНАВЕДЕНИТЕ ЛОКАЦИИ

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА CROATIA GOLD КАРТИЧКА ЗА ЛОЈАЛНОСТ:
  • Право на користење на CROATIA GOLD картичката за лојалност имаат сите полнолетни ВИП Осигуреници на Кроациа Осигурување - Живот;
  • Во случај на договорена полиса за Коко Детско Штедно Осигурување CROATIA GOLD картичката ќе биде издработена на име на Договорувачот на Осигурувањето, во сите останати ситуации корисник на картичката е Осигуреникот;
  • За целите за изработка на гратис годишно патничко осигурување осигуреникот задолжително пополнува Изјава ;
  • Во случај на договорено Коко Детско Штедно Осигурување  Договорувачот може да избере дали корисник на гратис патничко осигурување да биде Осигуреникот или Договорувачот;
  • Со приложување на CROATIA GOLD картичката за лојалност се стекнувате со право на користење на однапред дефинирани попусти објавени овде;
  • CROATIA GOLD картичка за лојалност потребно е Осигуреникот да ја приложи пред да биде издадена фискалната сметка;
  • Заради потврдување на сопственоста на картичката Соработниците имаат право од Осигуреникот да побараат да приложи лична карта;
  • Попустот не важи за производи и услуги кои се веќе на промотивен попуст кои го одобрува самата компанија.