Croatia osiguranje

„My CRO Account“ апликација за брза и точна информација

Објавено на: 01/10/2011

Во насока на постојана надоградба на нашата „Грижа за корисници“ изминатиов период активно работевме на воведување на нова апликација која ќе го олесни протоколот на информации до нашите Корисници. Уште еднаш докажуваме дека иновацијата е наша стратешка определба.

Од минатата недела во употреба е пуштена  My CRO Accountапликација наменета за сите наши Осигуреници и Застапници.

До My CRO Account апликацијата можете да пристапите преку интернет страната app.cro.mk  и со Ваше регистрирање на истата, од удобноста на Вашите домови можете да дојдете до сите за Вас неопходни информации.

My CRO Account  апликацијата за нашите Осигуреници овозможува следење на:

·          Доспеаност на рати

·          Дата и износ на извршени уплати

·          Вкупно уплатени средства

·          Анализа на припишана добивка

·          Извештај на вложувањата на средствата од капиталот и резервите на Кроациа Осигурување – Живот  

На овој начин постојано ќе бидете во тек со состојбата на Вашата полиса и Вашиот статус како наш Осигуреник.

За нашите Застапници преку My CRO Account  апликацијата овозможуваме следење на:

·          Личните остварувања

·          Остварувања на соработниците во структурата

·          Прегледи за провизија

·          Состојба на полиси во однос на платена премија

Олеснете си го начинот преку кој доаѓате до информации и регистрирајте се на My CRO Account апликацијата!