По повод 10 годишнината од основањето на Кроациа Осигурување – Живот, Друштвото одлучи дополнително да ги награди своите лојални осигуреници и редовни плаќачи.
Дозволете да Ви се заблагодариме на укажаната доверба и лојалноста која е нашиот двигател кон врвот. Во тој контекст одлучивме во пресрет на летото да Ве изненадиме со нова наградна игра.
Со подмирување на Вашата доспеана рата заклучно до 31.05.2015 година учествувате во наградната игра „10 години Кроациа“. Право на учество во оваа наградна игра имаат сите осигуреници кои заклучно 31.05.2015 година ќе ги имаат подмирено сите доспеани рати по основ на својата полиса за животно осигурување. Најсреќниот од нив ќе биде награден со викенд за двајца во хотел со 5 ѕвезди на Халкидики - Грција со All Inclusive услуга.
Ви благодариме што секојдневно ни овозможувате да се развиваме кон подобро, прераснувајќи во ЛИДЕР на пазарот. Ви ветуваме дека и понатаму сите наши напори ќе бидат насочени кон оправдување на довербата која ја добиваме и Ви најавуваме уште многу подароци и наградни патувања.
За кампањата „10 години КРОАЦИА“ можете дополнително да се информирате на тел: 02 3215 083 – грижа за корисници лок. 102 и 206.