Croatia osiguranje

„Кроациа Осигурување – Живот“ пријател на Зоолошката градина

Објавено на: 02/10/2011

„Кроациа Осигурување – Живот“  продолжува со своите активности во насока на сé поголема едуцираност на граѓаните за Животното осигурување и подигање на свеста за потребата од штедење.
Како команија која се труди на најмалите да им подари среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина, одлучивме во соработка со Зоолошката градина во Скопје преку информативни пунктови на секој родител да му  понудиме бесплатно информирање  за  Детското Штедно Осигурување.
Целата акција организирана на оригинален и забавен начин на најмалите им овозможува бесплатно фотографирање со нивните херои од Дизниленд, додека нашиот тим ги запознава нивните родители со карактеристиките и бенефитите на Детското Штедно Осигурување
За да забавата биде комплетна, а насмевката на детските лица поголема настанот е збогатен со делење на балони за секое дете.
Преку овој проект „Кроациа Осигурување – Живот “,  ќе му понуди ексклузивна можност на  секој родител да го осигура своето дете и притоа да заштеди за неговата иднина. За секоја склучена полиса „Кроациа Осигурување – Живот“  ќе Ве награди со вредносен бон.
Дополнително изненадување е наградната игра „Најсреќно дете“. Децата кои во рамките на овој проект ќе станат наши Осигуреници стануваат потенцијален добитник на наградно патување во Дизниленд.
Со ова „Кроациа Осигурување – Живот“ уште еднаш докажува дека е компанија која знае да понуди квалитет на креативен начин.
Искористете ја оваа ексклузивна можност и посетете ги нашите информативни пунктови во Зоолошката градина !
 
За сите подетални информации контактирајте нé секој работен ден од 8 до 16 часот на тел: 02 3215 083.