Croatia osiguranje

Кроациа во Капитол Мол

Објавено на: 05/03/2015

Кроациа Осигурување - Живот продолжува со своите активности за сé поголема едуцираност на граѓаните за животното осигурување и подигнување на свеста за потребата од штедење.

Овие промотивни и едукативни активности кои ги спроведува нашиот тим се веќе добро препознатливи, зошто секогаш подразбираат и бројни изненадувања и подароци.

Во февруари нашиот тим ги изненади посетителите во Капитол Мол. Со бројни симболични подароци измамивме многу искрени насмевки, а  најсреќните двајца беа добитници на велосипеди.

Им честитаме на среќните добитници на велосипедите, Роберт Глигоров и Славица Николовска, а Вам Ви најавуваме уште многу изненадувања.

Посетете ги информативните полтови на Кроациа бидејќи секогаш имаме со што да Ве изненадиме. По повод празникот на жената Ве очекуваме овој месец во Сити Мол.