Croatia osiguranje

Кроациа дел од натпреварот на Браинобраин

Објавено на: 09/03/2015

Над 560 деца од Македонија и Косово учествуваа на натпреварот организиран од Браинобраин училиштата за развивање на менталните квалитети и капацитети кај децата, кој по трети пат се одржа на 28.02.2015 година во Дом на АРМ во Скопје.

Секоја година на ниво на Македонија се одржува натпревар на кој се покажуваат резултатите на децата на возраст од 4 до 14 години, а годинава огромен број на деца освоија шампионски пехари, златни и сребрени медали. Фокус на програмата е кон целосниот ментален и личен развој, здобивање на животни вештини и способности кои ќе ги користат во животот во секое академско поле и активност. 

Кроациа Осигурување - Живот беше дел од овој настан со цел доближување на можностите за детското штедно осигурување директно до родителите, а во насока на нивно информирање за начините на креирање на финансиската сигурност за обезбедување на најдобра едукација на своите најмили.  

Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција. Тимот на Кроациа ги запозна присутните родители со можностите да создадат капитал во насока на обезбедување на најдобра едукација за своето дете. Со склучување на КОКО - полиса на најрана возраст на Вашето дете, ги планирате Вашите заштеди обезбедувајќи финансии за квалитетно образование на Вашето дете.  

Нашиот тим дополнително ги израдува и сите присутните деца подарувајќи им сиболични подароци, балони и боенки. Најсреќното од нив беше добитник на велосипед. 

И честитаме на среќната добитничка на велосипедот, Миа Босевска, а Вам Ви најавуваме уште многу изненадувања.

Ве очекуваме да ги посетите информативните пултови на Кроациа Осигурување - Живот.