Во пресрет на новата учеба година крокодилчето КОКО, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот, ги израдува сите присутни деца во Скопје Сити Мол. Беше таму да ги потсети дека со навремено испланирано штедење соништата се повеќе од реални.
Едукацијата е мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција.
Кроациа Осигурување – Живот Ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување на најдобра едукација за своето дете. Со склучување на КОКО - полиса на најрана возраст на Вашето дете, испланирајте ги заштедите и исплатите за образование на Вашето дете, на начин прилагоден на образовното патување.
Веруваме дека не постои поубаво чувство од сознанието дека на Вашите најмили сте им подариле сигурност. КОКО ќе Ви помогне на Вашите најмили да им овозможите среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина.