Овој викенд започна спектакуларното фудбалско доживување „Фудбалодром“, на отворен простор покрај кејот на Вардар зад ТЦ „Три бисери“. На овој простор е поставен голем екран, а фудбалските фанови се дел од уживање во најдобриот фудбал во друштво на стотици фудбалски фанови.
Покрај големиот екран и одличната атмосфера, „Фудбалодром“ е проследен и со низа други активности: турнири во „плејстејшн“, турнири во рачни фудбалчиња, натпревари во прецизно шутирање, натпревари во human football, детско фудбалско катче, друштво со познати македонски фудбалски ѕвезди, настапи на локални бендови и ДЏ-и, пиво и скара.
За јакнење на натпреварувачкиот дух и по возбудлива навивачка атмосфера допринесуваат подароците на Кроациа Осигурување. Подарувајќи навивачки балони, фудбалски топки и други бројни подароци допринесуваме за поголема забава на присутните навивачи и фудбалски фанови.
За да во забавата уживаат и оние најмалите се погрижи крокодилчето Коко, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот. Најмалите уживаат другарувајќи со Коко, се фотографираат, го гушкаат, а добиваат и подарок Коко боенка. Коко успеа да ги украде најубавите детски насмевки.
Уживајќи во вкусот на доброто пиво и возбудливите фудбалски натпревари, присутните фудбалски фанатици имаа можност и за разговор со тимот на Кроациа, запознавајќи се со предностите и карактеристиките на целата наша програма.
Возбудливото фудбалско доживување во Аеродром штотуку започна, а ќе трае се до финалето на 13-ти јули. Затоа, Ве очекуваме на Фудбалодром во Аеродром!