Croatia osiguranje

Eдукативни и промотивни активности во Зоолошката градина

Објавено на: 26/05/2014

Изминатиот викенд (24.05.2014 и 25.05.2014) тимот на Кроациа ги продолжи своите едукативни и промотивни активности во Зоолошката градина во Скопје.

Кроациа едукативното катче кај живеалиштето на крокодилот во Зоолошката градина, и овој викенд беше локација каде многу дечиња се дружеа, забавуваа, добиваа Кроациа подароци и цртаа детски креативни цртежи.

Додека дечињата ги изразуваа своите ликовни и творечки афинитети, тимот на Кроациа имаше можност за разговор со присутните родители запознавајќи ги со предностите на Коко детското штедно осигурување.

Ве очекуваме да ни се придружите во распеаната Зоолошка, да се забавуваме, едуцираме, да другаруваме со крокодилчето Коко и да започнеме да штедиме за нашата сигурна иднина.