Крокодилчето КОКО, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот, изминатиот викенд (10.05.2014 и 11.05.2014) ги израдува сите присутни деца на детскиот фестивал „Распеано рибарче“ во Охрид.
Многу насмеани детски лица имаа можност да уживаат во прекрасните детски песни на овој фестивал, да се дружат со крокодилчето КОКО, бесплатно да се фотографираат со него и да добијат подарок Коко боенка.
Додека КОКО другаруваше со најмалите, тимот на Кроациа имаше можност за разговор со присутните родители и да ги запознае со предностите на Коко детското штедно осигурување.
Секој родител сака на своето најмило да му обезбеди почетен капитал со што ќе му го олесни зачекорувањето во светот на возрасните, но тоа подразбира сериозна инвестиција. Со навремено испланирани заштеди и трошоци соништата се повеќе од реални.
Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина.
За дополнителни информации очекуваме да не контактирате!