Денот на шегата, први април, крокодилчето КОКО, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот го искористи за другарување со насмеаните и маскирани дечиња присутни на маскенбалот во Скопје Сити Мол.
Маскираните пчелки, пирати, принцези се фотографираа со Коко, го гушкаа, се забавуваа, а Коко ги израдува порадувајќи им КОКО боенка.
Додека оригиналните детски маски другаруваа со Коко, родителите имаа можност да се запознаат со карактеристиките на Коко детското штедно осигурување и Кроациа семејниот пакет.
Тимот на Кроациа продолжува со своите активности во насока на сé поголема едуцираност на граѓаните за животното осигурување и подигнување на свеста за потребата од штедење. За време на маскенбалот во Сити Мол подаривме бројни интересни подароци, а истовремено имавме можност за разговор со присутните за предностите на животното осигурување и програмите кои ги нуди Кроациа Осигурување - Живот.
Секој родител сака на своето најмило да му обезбеди почетен капитал со што ќе му го олесни зачекорувањето во светот на возрасните, но тоа подразбира сериозна инвестиција. Со навремено испланирани заштеди и трошоци соништата се повеќе од реални.
Кроациа Осигурување – Живот Ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување на сигурна иднина за своето семејство.
За дополнителни информации очекуваме да не контактирате!