Croatia osiguranje

Крокодилчето Коко на фестивалот „Поточиња 2014“

Објавено на: 18/03/2014

Крокодилчето КОКО, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот, овој викенд (22.03.2014 и 23.03.2014) ќе ги израдува сите присутни деца на детскиот фестивал „Поточиња“.

Сите деца кои ќе дојдат на овој фестивал ќе имаат можност да се дружат со крокодилчето КОКО, бесплатно да се фотографираат со него и да добијат подарок Коко боенка.

Драги родители, додека КОКО другарува со Вашите најмили, Вие ќе можете бесплатно да се информирате за карактеристиките на КОКО детското штедно осигурување и Кроациа Семејниот пакет.

Со Коко детското штедно осигурување имате можност да го осигурате Вашето дете и притоа да заштедите за неговата иднина. За секоја склучена полиса за детско штедно осигурување, Коко Ве наградува со вредносен ваучер и Ви подарува подарок од Поточиња.

Но, и тоа не е се!

Коко има дополнително изненадување, а тоа е наградната игра „Најсреќно дете“ каде едно семејство добива можност да замине на патување во магичниот Дизниленд.