Croatia osiguranje

Промотивни изненадувања за сите дами

Објавено на: 10/03/2014

По повод 8ми март, меѓународниот ден на жената, Кроациа Осигурување - Живот спроведе промотивна акција и пријатно ги изненади сите присутни дами во Скопје Сити Мол.

Припадничките на понежниот пол кои го посетија информативен пулт наКроациа Осигурување - Живот ги изненадивме со симболични осмомартовски подароци. На наше големо задоволство предизвикавме бројни искрени насмевки и придонесовме за поголема осмомартовска еуфорија.

Дополнително, сите присутни во Скопје Сити Мол кои го посетија нашиот информативен пулт можеа да се информираат за нашата промотивна кампања „ПОДАРЕТЕ СИГУРНОСТ“.

Срдечно им го честитаме празникот на сите дами и уште еднаш потсетуваме дека Кроациа Осигурување – Живот го има вистиснскиот осмомартовски подарок за Вас, Вашите сакани или Вашите најблиски.

Подаруваме осигурително покритие до 750.000,00 денари - побрзајте кампањата трае до 31.03.2014 година.