Croatia osiguranje

КРОАЦИА дел од хуманитарниот велеслалом Маврово

Објавено на: 24/02/2014

Од 21 до 23 февруари 2014 година на падините на Бистра се одржа Дванаесеттиот Аматерски Хуманитарен Велеслалом - Маврово 2014 во организација на Ски Центар Маврово.

 

Компаниите од Македонија со нетрпение го очекуваат овој настан заради богатата содржина преку целиот викенд и воедно хуманитарниот карактер. 

На хуманитарниот настан, што се организира секоја година, учествуваат 50-тина екипи. Тие испраќаат заедничка порака дека луѓето можат и треба да си подаваат рака и дека само со меѓусебна поддршка е можно солидарно општество. Собраните средства од овој велесласлом се донираат во хуманитарни цели.

Кроациа Осигурување - Живот како општествено одговорна компанија оваа година го поддржа одржувањето на овој хуманитарен настан.

Допринесовме за поголема забава на присутните натпреварувачки екипи подарувајќи им симболични подароци, а воедно учествувавме во хуманитарната акција.

Целта на донацијата од овогодинешната хуманитарна активност е наменета за поддршка на пет годишниот Максим Димовски кој боледува од ретко генетско заболување (SchimeImuno Displasia Sindrom), болест за која сеуште се истражува.

Едно од решенијата за продолжување на животот на Максим е пресадување на коскената срцевина, а потоа пресадување на бубрег. Операциите треба да бидат изведени на Универзитетската Клиника во Хајделберг и чинат околу 200 илјади Евра.