Croatia osiguranje

Крокодилчето КОКО во Skopje City Mall

Објавено на: 02/09/2013

Крокодилчето КОКО, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот, ги израдува сите присутни деца во Skopje City Mall оваа сабота.

Најмалите во Skopje City Mall уживаа додека се фотографираат со Коко, го гушкаа, а добиа и подарок Коко боенка. Коко успеа да ги украде најубавите детски насмевки. 

Родителите имаа можност да се запознаат со карактеристиките на Коко детското штедно осигурување и Кроациа семејниот пакет.

Со Коко детското штедно осигурување имате можност да го осигурате Вашето дете и притоа да заштедите за неговата иднина, а за секоја склучена полиса, Коко Ве наградува со вредносен ваучер.

Но, и тоа не е се! 

Коко има дополнително изненадување, а тоа е наградната игра „Најсреќно дете“ каде едно семејство добива можност да замине на патување во магичниот Дизниленд.

Повелете да се дружите со Коко во Skopje City Mall во следните термини:

- на 03.09.2013 година во периодот од 16:00 до 20:00 часот,

- на 04.09.2013 година во периодот од 16:00 до 20:00 часот,

- на 05.09.2013 година во периодот од 16:00 до 20:00 часот,

Коко Ве очекува!