Кроациа Осигурување - Живот продолжува со своите активности во насока на сé поголема едуцираност на граѓаните за животното осигурување и подигнување на свеста за потребата од штедење.
Тимот на Кроациа ги прошири своите промотивни и едукативни активности низ цела Македонија.
Во пресрет на Тиквешкиот гроздобер Ве покануваме на 13.14. и 15. септември во Домот на култура во Кавадарци каде најмладите ќе имаат можат да се фотографираат со крокодилчето КОКО, додека нивните родители се информираат со карактеристиките на Коко детското штедно осигурување.
Дополнително на Плоштадот во Кавадарци нашиот тим ќе Ве изненади со интересни подароци.
Промотивните активности на Кроациа не стивнаа ниту во летниот период. Ги изненадивме нашите постојни и потенцијални осигуреници во Охрид, Велес, Пробиштип и Битола.
На Детскиот фестивал ТРА ЛА ЛА дечињата имаа можност да се сликаат со крокодилчето КОКО, а нивните родители да се информираат за условите и поволностите на програмот за Детско Штедно Осигурување.
На плажите Буре – Градиште и Инекс Горица најмладите добија подароци од Кроациа со кои го направивме нивниот летен одмор позабавен, а на родителите им понудивме можност за посигурна иднината на нивните деца.
Базенот во Хотел Роматик на езерото Младост во Велес беше резервиран за лудории со топките на Кроациа и други интересни подароци, а истовремено имавме можност за средба и разговор со присутните за предностите кои ги нуди СЕМЕЈНИОТ ПАКЕТ на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје.
Тимот на Кроациа ќе продолжи да Ве изненадува!