Кроациа Осигурување – Живот АД веќе осма година успешно работи на македонскиот осигурителен пазар. Иновативноста, знаењето и постојаната грижа за Корисниците не прави лидери во полето на осигурување живот. Брендот кој го носиме е добро препознатлив повеќе од 129 години.
На овогодинешниот САЕМ ЗА МЕБЕЛ преку информативен пулт ќе ја промовираме нашата програма на производи за Осигурување на Живот.
Осигурувањето на живот е долгорочно решение, кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите. Она што е особено интересно кај осигурувањето на живот е тоа што сами одлучувате колку сакате да штедите, односно сами ја креирате осигурената сума. Не постои некоја универзална формула која би ги задоволила потребите и желбите на секој клиент.
Она што го прави Животното осигурување особено интересно е неговата штедна компонента. Животното осигурување е еден вид на инвестиција во сигурна економска иднина.
За повеќе информации посетете ги нашите информативни пултови, за сите посетители подготвивме наградни изненадувања!