Амбициозноста на нашата продажна мрежа е нашата движечка сила и она што постојано нé одржува на врвот. Водени од помислата на кој начин да ги мотивираме, стимулираме и наградиме нашите застапници, во рамките на нашата Команија беше воведен новиот Loyality награден програм.
Прилично зачудувачки е мотивациониот ефект кој го постигна овој награден програм.
Неговото воведување се покажа како одличен предизвик за сите наши досегашни застапници, но и уште поголем предизвик за новите застапници. Воодушевени сме од натпреварувачкиот дух на нашите застапници и нивната мотивираност да се напредува и да се освојуваат наградите кои ги опфаќа овој награден програм.
Наградниот програм се покажа како одличен мотив за новите застапници, кои за кратко време успеаа да преминат од прво во второ ниво и да освојат награди. Докажаа дека се доволно амбициозни за краток временски перод да остварат реализација која ќе ги однесе едно ниво повисоко во кариерниот план и притоа ќе им донесе богата награда.
Само неколку месеци како го воведовме овој награден програм, а веќе можеме да се пофалиме со низа наградени застапници. Доделивме бројни награди кои се дел од „Вториот- временски ограничен награден модул“ што само докажува дека наградите опфатени со овој награден програм се достижни за секој кој е доволно амбициозен.
Бидете и Вие дел од амбициозниот тим на Кроациа Осигурување – Живот АД. Започнете со градење на кариера во осигурителниот бизнис! Овозможете си професионален развој со флексибилно работно време, благородна заработувачка и самоограничување на приходот.
За нашите соработници овозможуваме бесплатна обука, континуирана надоградба на знаења, постојана логистичка поддршка и неверојатени награди.