Кроациа Осигурување Живот на 9-ти јуни во центарот на Скопје, на Градскиот Плоштад, ја организаираше најлудата, највеселата и највозбудливата КОКО авантура.
Илјадници дечиња заедно со крокодилчето Коко ги пееа најубавите песнички, правеа магии, се наградуваа, а пред се поминаа незаборавни моменти исполнети со многу радост и смеа. Дополнително за прекрасната Коко забава се грижеше незаборавниот, најинтересниот водител Ивце Пивце. Многу песнички, разиграни рачиња и весела смеа ни подарија децата од фестивалот Поточиња.
![](Gis/Upload/Novosti/nnn.jpg)
Задолжен за магија што ги воудушеви дечињата беше магионичарот Гого. За време на целиот настан Крокодилчето КОКО делеше боенки, играше, се фотографираше со дечињата, ги учеше како да штедат.
Младиот и компетентен тим на Кроациа Осигурување – Живот за време на целиот настан со ведра и љубезна насмевка го пречекуваа секој посетител на своите пултови. Ги информираа присутните дека компанијата се труди на најмалите д аим подари среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина, затоа во рамките на своето портфолио го воведе производот Коко - Детско Штедно Осигурување.
Но изненадувањата продолжија, на крајот на авантурата на Коко, крокодилчето подели уште 20 прекрасни награди, а најубава од нив беше велосипедот кој го доби Kристина Алексова.
Кроациа Осигурување – Живот од се срце им се заблагодарува на сите посетители и дополнително, ги повикува сите родители да им подарат на своите најмили сигурна иднина со Коко - Детското Штедно Осигурување.