Кроациа Осигурување – Живот ја продолжува традицијата на компанија која постојано инвестира во знаењето на својот продажен кадар.
Затоа на 19 мај 2012 организиравме едукативен семинар на тема: „Преговарачки вештини за унапредување на продажбата и зголемен професионален успех“.
Едукативниот семинар, организиран во конгресната сала на едукативниот центар „М6“ беше наменет за вработените и за најуспешните застапници на Кроациа Осигурување – Живот од цела Македонија.
Свое обраќање на едукативниот семинар најпрво имаше Генералниот Директор Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска која ги презентираше резултатите и успешното работење на Кроациа Осигурување – Живот и нејзината лидерска позиција на пазарот за животно осигурување. Директорот на секторот за планирање, развој и продажба на животи осигурувања Г-ѓа Зорица Поповска говореше за местото и улогата на Кроациа Осигурување - Живот на македонскиот осигурителен пазар презентирајќи ги резултатите од минатите години, како и најава на следните чекори кои компанијата планира да ги превземе. Потоа свое обраќање имаше и Г-ѓа Маја Станковска Костова, Организатор за планирање и развој, која на огромно задоволство на сите присутни го презентираше новиот, ребрендиран производ „КОКО детско штедно осигурување“, неговите новитети и ексклузивни карактеристики, како и новата понуда „КРОАЦИА СЕМЕЕН ПАКЕТ“.
Вториот дел од едукативниот семинар беше целосно наменет за едукација и разоткривање на тајните на успешната продажба и ефективната комуникација. Компетентниот обучувачки тим на TRIPLE S Learning несебично го пренесоа своето знаење и искуство. Интерактивната атмосфера помеѓу учесниците и меѓусебната споделба на искуства дополнително го збогатија овој семинар и го потврдија тимскиот дух на компетентните човечки ресурси во Кроациа Осигурување – Живот.
Нашите вработени, нашиот креативен и амбициозен кадар е нашиот интелектуален капитал, нашата движечка сила и она што не одвојува од конкуренцијата. Затоа им благодариме за постигнатите резултати и ветуваме дека ќе продолжиме да инвестираме во нивниот развој, едукација и мотивација.