Croatia osiguranje

ПОДАРЕТЕ НАСМЕВКА

Објавено на: 07/10/2011

Сите оние кои на 2-ри Октомври беа во Градскиот Парк во Скопје имаа можност да бидат сведоци на најзабавниот, највеселиот и најмагичниот хуманитарен настан.


На 2-ри Октомври  Градскиот Парк изобилуваше  од  весели детски насмевки, прекрасна детска песна, шарени балони, магија,  волшепство и хуманост.  Кроациа Осигурување – Живот   на  сите присутни деца им подари незаборавна тричасовна забава и одлична лекција за хуманоста. Хуманитарната акција, која штотуку ја започна Кроациа Осигурување – Живот, се покажа како доста успешна.  Присутните чекаа во редици за да донираат симболичен износ со цел да и подарат насмевка на малата Дарија Калиновска. А, Кроациа Осигурување – Живот   им подари насмевка на сите присутни деца.

За одличната музика и веселата детска песна беа задолжени Ања Ветерова и ѕвездичките од фестивалот „Супер Ѕвезда“.  Задолжен за магија и да ги маѓепса сите присутни деца беше магионичарот Кристијан. За се да биде волшебно допридонесоа принцезите Снежана, Аурора и Бел.  Кловнот Лили ги црташе  прекрасните детски лица со најубавите маски во најшарените бои. Том и Џери на сите деца им подаруваа насмевки, бакнежи и прегратки. Во неделата, на 2-ри Октомври, Градскиот Парк беше претворен во бајка.

Но, на изненадувањата им немаше крај! На огромно задоволство на сите присутни, свој придонес  во оваа хуманитарна акција имаше и македонската поп-рок  ѕвезда Влатко Илиевски подарувајќи ги своите познатите рефрени и одличните хитови.

За да ја зголеми мотивираноста за донирање и со цел да се соберат што повеќе финансиски средства за малата Дарија, Кроациа Осигурување – Живот  овој хуманитарен настан го збогати со  наградна игра. Секој кој донираше одреден износ за малата Дарија стануваше учесник во оваа наградна игра. Две дечиња кои имаа најмногу среќа беа добитници на два прекрасни велосипеди. 

Компетентниот тим на Кроациа Осигурување – Живот со  ведра и љубезна насмевка го пречекуваа секој посетител на своите пултови. Со насмевка ја поздравуваа секоја донација, подарувајќи купонче за наградната игра. Ги запознаваа присутните дека можат да донираат и преку телефонски броеви, но и со секоја склучена полиса за Детско Штедно Осигурување. Кроациа Осигурување – Живот  е  компанија која се труди на најмалите да им подари среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина, затоа во рамките на своето портфолио го воведе производот за Детско Штедно Осигурување. Детското Штедно Осигурување покрај  тоа што е начин да заштедиме за нашите најмили и да им подариме сигурна иднина, отсега е и начин да бидеме хумани и да донираме за Дарија.  Вредносниот ваучер во износ од 2.400 денари, кој досега се доделуваше како поклон со секоја склучена полиса за Детско Штедно Осигурување, во наредниот период ќе биде донација за мала Дарија. 

Кроациа Осигурување – Живот од се срце им се заблагодарува на сите хумани посетители кои со својата донација  се обидоа да и помогнат на малата Дарија.  Дополнително, ги повикува сите родители да им подарат на своите најмили сигурна иднина  и да бидат хумани склучувајќи Детското Штедно Осигурување.