Тенденцијата на двоцифрен раст на пресметана премија Кроациа Осигурување – Живот Скопје ја задржа и во 2010 година.
Иако целокупното економско опкружување работеше во рецесивни услови како резултат на светските кризни влијанија, остваривме одлични резултати, кои се оценети како најуспешни од постоењето на Компанијата. Вкупната пресметана премија за 2010 година изнесува 137.098.496,00 денари што преставува раст од 20% во однос на 2009 година. Значајна ставка се и приходите остварени од менаџирање со средствата од капиталот и техничките резерви во износ од 29.405.930,00 денари, кои исто така забележуваат пораст во однос на 2009 година. Добивката на Компанијата за 2010 година е 276% зголемена во однос на минатата година и изнесува 14.342.341,00 денари.
Ваквите резултати ни даваат реално очекување дека Кроациа Осигурување – Живот Скопје го завзема клучното место на пазарот на животно осигурување во Република Македонија. Како прва лиценцирана Компанија, од основањето до денеска, упорно и мотивирано работиме на развојот на животното осигурување во земјава. Растот на животното осигурување во вкупната пресметана премија е најдобар индикатор дека нашето работење се рефлектира позитивно на осигурителниот пазар. По ребрендирање на Компанијата, стратешки работиме на градење на интерна продажна мрежа, менување на културолошкиот пристап на граѓаните кон штедењето но и пораст на пазарното учество.
Знаењето, искуството и 126 годишната традиција на нашата матична куќа се повеќе од солидна основа да понудиме производи кои ќе одговараат на менталитетот на нашиот народ, ќе ги задоволат можностите но и преференциите на граѓаните. Иновацијата е наша стратешка определба. Секоја година нудиме нов производ на пазарот: 2010 година ја збогативме понудата на индивидуално осигурување на живот со дополнително осигурување од тешко болна состојба. Ова е засега уникатен производ на македонскиот пазар кој покрива ризик од настанување на 12 болести кои не многу одамна биле смртоносни. Веќе на почетокот на 2011 година воведовме уште една придобивка за нашите постоечки и идни осигуреници: На секоја идна мајка како подарок за нејзиното новороденче исплаќаме 2,5% од осигурената сума.
Очекувам дека 2011 година, иако ќе работиме со зголемена конкуренција на пазарот, бројот на наши нови осигуреници значително ќе се зголеми, имајќи го во предвид квалитетот во работењето кој е наша стратешка определба. Адут ни се професионализмот и производите прилагодени на нашето поднебје, а основна движечка сила мотивираните и стручно оспособени кадри.