Кроациа Осигурување – Живот АД прослави 6 години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар.
На 17.12.2011 година во скопскиот реномиран ресторан “Воденица“, во присуство на видни гости, од земјата и странство беше одбележана 6 годишнината од постоењето на компанијата.
Меѓу присутните беа претставници на Амбасадата на Р. Хрватска во Македонија, Агенцијата за супервизија во осигурувањето, реномирани банки и компании во Р. Македонија, наши долгогодишни лојални осигуреници, деловни партнери, соработници, пријатели и колеги.
Свое обраќање пред присутните гости најпрво имаше Генералниот Извршен Директор, Г-дин Владимир Поповски кој ги потенцираше основните вредности и принципи на кои се должи успехот на компанијата. Потоа свое обраќање имаше Директорката на секторот за планирање, развој и продажба на животни осигурувања, Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска објавувајќи ги добитниците на престижните награди.
Со многу позитивна енергија, насмевки и наздравувања дадовме ветување дека во годините кои доаѓаат ќе вложиме повеќе труд, знаење, енергија и ќе имаме многу повеќе причини за радост.