На 17 декември 2011 година „Кроациа Осигурување – Живот АД“ организираше трет по ред Годишен едукативен семинар за застапници на тема: „Вештини за ефективно управување со продажба и градење релации помеѓу застапниците на Кроациа Осигурување – Живот“. Едукативниот семинар, организиран во конгресната сала на елитниот ресторан „Воденица“ беше наменет за вработените и за најуспешните застапници на Кроациа Осигурување – Живот од цела Македонија.
Свое обраќање на едукативниот семинар најпрво имаше Генералниот Извршен Директор Г-дин Владимир Поповски кој ги презентираше резултатите и успешното работење на Кроациа Осигурување – Живот. Директорот на секторот за планирање, развој и продажба на животи осигурувања Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска говореше за местото и улогата на Кроациа Осигурување - Живот на македонскиот осигурителен пазар презентирајќи ги резултатите од минатите години, како и најава на следните чекори кои компанијата планира да ги превземе во наредната деловна година. Конкретно и низ бројки ја презентираше лидерската позиција на компанијата. Потоа свое обраќање имаше и Директорот на секторот за финансии Г-ѓа Катерина Поповска која детално ги презентираше сите механизми за сигурност на вложените средства во животно осигурување. Г-ѓа Зорица Поповска, Организатор за планирање и развој, на огромно задоволство на сите присутни го презентираше новиот, ребрендиран производ „КОКО детско штедно осигурување“, неговите новитети и ексклузивни карактеристики.
Вториот дел од едукативниот семинар беше целосно наменет за едукација и разоткривање на тајните на успешната продажба. Компетентниот обучувачки тим на TRIPLE S Learning несебично го пренесоа своето знаење и искуство презентирајќи ги техниките и вештините за успешна продажба. Интерактивната атмосфера помеѓу учесниците и меѓусебната споделба на искуства дополнително го збогатија овој семинар и го потврдија тимскиот дух на компетентните човечки ресурси во Кроациа Осигурување – Живот.
Нашите вработени, нашиот креативен и амбициозен кадар е нашиот интелектуален капитал, нашата движечка сила и она што не одвојува од конкуренцијата. Затоа им благодариме за постигнатите резултати и ветуваме дека ќе продолжиме да инвестираме во нивниот развој, едукација и мотивација.