Република Македонија во текот на месец ноември ќе биде една од земјите учеснички на Глобалната недела на претприемништвото и Startup weekend – от. Во текот на една недела (од 11 - 18 ноември), голем број успешни компании мали и средни претпријатија како и млади претприемачи ќе се сретнат на едно место со единствена цел, за стимулирање на креативни идеи за отпочнување на сопствен бизнис како и придонес во развојот на економијата во целост.
На Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) од 11 - 13 ноември 2011 ќе се одржи настанот Startup Weekend, кој претставува непрофитен и општествен настан со цел да ги поттикне и охрабри младите луѓе да започнат свој бизнис и да ја прифатат патеката на претприемништвото и иновацијата како нова насока за успех. Веќе на 14 ноември ќе започне Глобалната недела на претприемништвото која ќе трае до 18 ноември. Глобалната недела на претприемништво е најголемиот светски настан за промоција на претприемништвото помеѓу младите луѓе. Целта е да се создаде новата генерација на претприемачи во светски рамки, со тоа што ќе се инспирираат младите преку активности во своите училници, работни средини и на интернет.
Кроациа Осигурување – Живот како успешна осигурителна компанија во секторот за животно осигурување ќе учествува на овие настани презентирајќи ги своите искуства како и своето богато портфолио на производи. Присуството на овој настан претставува одлична можност за размена на идеи и искуства со успешни компании од земјата и странство.