“Кроациа Осигурување - Живот АД“ прослави 5 години успешно работење на Македонскиот осигурителен пазар.
На 16.12.2010 година во Скопскиот реномиран ресторан “Воденица“, во присуство на видни гости, од земјата и странство беше одбележана 5 годишнината од постоењето и делувањето на компанијата.
Меѓу присутните беа, неговата Екселенција Амбасадорот на Р. Хрватска во Македонија Г-дин Иво Кујунџиќ, Претседателот на бордот на директори Г-дин Жељко Јукиќ како и членовите на бордот на директори, Г-дин Марио Пуљиз и Г-дин Фрањо Мишак. Со своето присуство не почести и Претседателот на Советот на Експерти на Агенцијата за супервизија во осигурување, Д-р Климе Попоски.
Временските неприлики не ги спречија нашите партнери, соработници, пријатели и колеги да дојдат во огромен број за заеднички да го прославиме овој јубилеј.
На гостите се обратија Генералниот Извршен Директор, Г-дин Владимир Поповски кој ги потенцираше основните вредности и принципи на кои се должи успехот на компанијата.
Свое обраќање имаше и Директорот на секторот за планирање, развој и продажба на животни осигурувања, Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска презентирајќи ги резултатите од минатите години, како и најава на следните чекори кои компанијата планира да ги превземе.
Целосна поддршка од мнозинскиот акционер и желба за понатамошен раст и развој на компанијата, во својот говор даде и Г-дин Жељко Јукиќ. Тој го потврди фактот дека втора година по ред, Кроациа Осигурување – Живот АД е најуспешна компанија која е дел од групацијата Croatia Osiguranje d.d.
Со многу позитивна енергија, насмевки и наздравувања дадовме ветување дека во годините кои доаѓаат ќе имаме многу повеќе причини за радост.