Croatia osiguranje

КОБРЕНДИРАНА „CROATIA DINERS“ КАРТИЧКА

Објавено на: 19/06/2015

Кроациа Осигурување - Живот отпочна соработка со Diners CLUB  која подразбира воведување на кобрендирана картичка со која на нашите осигуреници им овозможивме бројни поволности при плаќање на премијата за осигурување, како и допонителни попусти и гратис услуги: 

- 12 рати без камата за плаќање на полиса за осигурување на живот; 

- без 2% еднократен надомест на вкупната сума, при плаќање на полиса за осигурување на живот; 

- без членарина за првата година од членството во Diners CLUB;  

- со минимум 60.000 годишен промет на Diners CLUB картичката осигуреникот и следната година не плаќа ќленарина (доколку не се оствари овој промет се плаќа само 50% од износот на членарината во Diners CLUB, односно 75 мкд месечно);

- можност за конвертирање на наградни поени во износ на рата (9000 бодови = 3000 мкд);

- гратис годишно патничко осигурување 

- за склучена дополнителна полиса за член на семејство - вредносен ваучер во износ од 2.000 мкд;

- 15% попуст за: полиса за имот, каско осигурување на возила,  осигурување од незгода, осигурување од одговорност, патничко осигурување;

- попусти на одредени продажни места;

- 24 часовен сервис од Diners CLUB Mакедонија за вас;

- купување на рати без камата; 

- SMS инфо; 

- подигнување на готовина и враќање на рати. 

ПОВОЛНОСТИТЕ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НОВОСКЛУЧЕНИТЕ ПОЛИСИ.