Следејќи ги потребите на своите потенцијални и сегашни Осигуреници Кроациа Осигурување – Живот ја збогати својата понуда воведувајќи го новиот осигурителен производ „КАЖИ ДА“.
„КАЖИ ДА“ претставува одлична можност за сигурна заштеда со која на Вашите најмили ќе им подарите венчавка од соништата. Тоа се моменти на среќа и радост кога најмалку треба да се штедиме, со навремено склучување на „КАЖИ ДА“ осигурејте венчавка од соништата за Вашите најмили.
„Кажи ДА“ Ви овозможува сигурна исплата на осигурената сума зголемена за припишана добивка, а воедно Ви подарува и Ваучер за свадбено патување во вредност од 5% од осигурена сума.
Сега веќе е дозволено Вашите најмили да посакуваат венчавка од соништата и егзотично свадбено патување.