Кроациа Осигурување – Живот ја збогати својата понуда на производи воведувајќи го осигурителниот производ „МОЕ ОБРАЗОВАНИЕ“.
Производот е резултат на анализирањето на потребите на осигурениците, а наменет за сигурна иднина на Вашите најмили и начин да им обезбедите квалитетно образование.
Едукацијата е мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Ова патување содржи многу значајни моменти на школување, испити, приемни испити за високо образование, курсеви... Со оглед на зголемените трошоци за образование нужна е потребата од постепено и планирано штедење. „МОЕ ОБРАЗОВАНИЕ“ е одлична можност да започнете штедење во насока на обезбедување на најдобра едукација за своето дете.
„МОЕ ОБРАЗОВАНИЕ“ Ви обезбедува исплата на осигурена сума зголемена за припишана добивка која може да биде исплатена како школарина кон образовната институција или во вид на стипендиска рента.
Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција. Со склучување на „МОЕ ОБРАЗОВАНИЕ“ на обезбедувате сигурна заштеда за квалитетно образование и среќна иднина на Вашите најмили.