Водечката осигурителна компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, во средата на 20.05.2015 година прослави 10 години од своето постоење на македонскиот осигурителен пазар.
Во присуство на своите најблиски соработници, стратешки партнери, како и во присуство на осигурениците и вработените, компанијата го прослави својот постигнат успех изминативе 10 години.
Прославувањето започна со добротворен концерт за помош и поддршка на фондацијата „Златна рипка“. Присутните уживаа во богатата концертна програма на камерен гудачки оркестар како и во балетска изведба со македонски орнаменти.
Вечерта продолжи со свечено обраќање на првиот човек на групацијата Croatia Osiguranje – Претседателот на Управен одбор на Croatia Osiguranje Загреб, Г-дин Санел Волариќ. Тој ја честитеше десетгодишнината од постоењето на Компанијата и горд на постигнатиот успех вети дека работењето ќе продолжи во исто темпо.
Свое обраќање имаше и Претседателот на Одборот на Директори во Кроациа Осигурување – Живот АД. Скопје – Г- дин Жељко Јукиќ. Тој ги спомена тешките почетоци на Друштвото како и напорната работа и трудот кој бил потребен да се вложи за да се постигне денешниот успех.
Претседателот на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување, Г-динот Климе Попоски, ја честиташе годишнината, ги поздрави првите исплати на осигурени суми за доживување и се осврна дека свеста на македонскиот граѓанин за животното осигурување веќе е на значително високо ниво.
За постихнатиот успех, на своите осигуреници, а особено на својот тим на вработени се заблагодари и г-ѓата Вилма Учета Дузлевска, Генерален Директор на компанијата. Таа свечено врачи благодарници на најзаслужните соработници, Брокерското Друштво ВФП, како и најдобриот Зстапник, г-ѓата Зеније Мустафи. Благодарница за укажаната доверба и лојалност доби и првиот осигуреник г-динот Тихо Ристовски. Интересно е да се напомене дека Г-динот Ристовски е и првиот осигуреник кому му беше исплатена сума за доживување од страна на компанијата, а веднаш по исплатата склучил две нови полиси.
Честитајќи ја 10 годишнината на компанијата за животно осигурување свое обраќање имаше и Генералниот Директор на Друштвото за Неживотно осигурување, Г-динот Гоце Вангелевски. Тој истакна дека друштвата ќе продолжат со своето синергично делување тежнејќи кон успех и задоволство на своите осигуреници.
Забавата продолжи на платото на Македонскиот Народен Театар каде за одличната забава на присутните се погрижија Eлена Ристеска и Тони Цетински.