Водечката компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот оваа година одбележува 10 години од своето основање. Оваа година е од особено значење за Кроациа, бидејќи оваа година истекуваат првите полисите за животно осигурување на осигурениците кои пред 10 години им ја дале својата доверба.
Имајќи го во прeдвид самиот концепт на животното осигурување, кое подразбира повраток на сите вложени средства по истекот на осигурувањето заедно со припишана добивка која ја припишува Компанијата, оваа година Кроациа ќе исплати осигурени суми за доживување кон своите први осигуреници во износ од половина милион евра.
„Оваа недела ја имавме првата исплата на осигурена сума за доживување кон нашиот прв осигуреник кој ни ја подарил својата доверба пред десет години и воедно останал лојален на Компанијата во целиот овој период. За нас како компанија овие први исплати се од непроценливо значење. Возвишено е чуството да знаете дека имате лојални осигуреници во период од 10 години, уште повеќе кога нивната доверба и задоволство се потврдува така што ведаш склучуваат нови полиси“ – изјави генералниот директор, Вилма Учета Дузлевска.
Од компанијата велат дека овие сериозни исплати на осигурени суми очекуваат да резултураат со бројни задоволни осигуреници, зголемена свесност на македонскиот граѓанин за животното осигурување, зголемена доверба на граѓаните кон Компанијата како и бројни нови Кроациа осигуреници кои ќе ја разберат потребата од животно осигурување.
Дополнително, Кроациа истакнува дека свесноста за животното осигурување е веќе на доволно високо ниво во Р. Македонија. Се повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици.