Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. СВ. Кирил и Методиј, бр.20, 1000 Скопје, на ден 16.07.2015 година распишува:
О Г Л А С
за пополнување на 1 (едно) работно место
МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- ВСС;
- Минимум 3 годишно искуство во продажба;
- Способност за тимска работа, организација и менаџирање на продажен тим;
- Познавање на работа во Microsoft Office;
- Изразени комуникациски способности;
- Преговарачки вештини;
- Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи;
- Висока мотивираност;
- Целосна посветеност кон работната задача;
- Дозвола за упрување на моторно возило од Б категорија.
УСЛОВИ:
- Избраните кандидати ќе работат со полно работно време - неделното работно време е 40 часа;
- Континуирано посетување на обуки;
- Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план;
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
- биографија (CV)
- мотивационо писмо
Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 27.07.2015 година на адреса: Ул.СВ. Кирил и Методиј, бр.20, спрат II, 1000 Скопје, Р. Македонија или на е-mail адреса: s.merdzanovska@cro.mk, со назнака: Пријава за вработување – МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА.
Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување Живот АД Скопје - Друштво за осигурување на живот, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност.
Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.