Компанијата лани ги зголеми приходите за 1,1 милиони евра, а остварила добивка од 19,8 милиони денари
„Кроациа Осигурување – живот“, првата осигурителна компанија за животно осигурување во змејава, лани ги зголемила приходите за 1,1 милиони евра (67,4 милиони денари), а нејзините вложувања лани надминале една милијарда денари, покажуваат ревидираните финансиски извештаи на компанијата објавени на нејзината интернет страница.
Во се посилната конкуренција меѓу осигурителните компании специјализирани за животно осигурување „Кроациа Осигурување – живот“ остварила нето приходи од премија во износ од 384,7 милиони денари што претставува повеќе 67,4 милиони денари повеќе од 2013 година. Во истиот период приходот од бруто полисирана премија изнесува 384,7 милиони денари или 68,3 милиони денари повеќе од 2013 година.
Лани компанијата остварила добивка од работењето во износ од 19,8 милиони денари и е за 2,1 милиони денари пониска од 2013 година.
Оваа компанија бележи позитивен тренд на работа и ја јакне и прожирува својата пазарна позиција. Најзначаен аргумент во прилог на тоа тврдење е тоа што вложувањата на компанијата достигнале вредност од 1,09 милијарди денари и се повисоки за 223 милиони денари од 2013 година. Всушност вложувањата на компанијата во најголема мера се приливите од издадените премии за кои уплаќаат клиентите на компанијата кои имаат животно осигурување. Тие пари менаџментот на компанијата ги оплодува преку, строго контролирани од НБМ, вложувања во ниско ризични државни хартии од вредност.
Во структурата на вложувањата до крајот на лани доминираат финансиски инструменти што се чуваат до достасување во вредност од 567,3 милиони денари, па следуваат депозитите, заемите и другите пласмани се во износ од 277,9 милиони денари и на крај се финансиските вложувања расположиви за продажба во вредност од 245,2 милиони денари. Друштвото до крај на минатата година чува 670 милиони денари во обврзници и хартии од вредност за кои гарантира државата и уште 166,8 милиони денари чува во депозити во банки. Најгоолем дел од депизитите се чуваат во Халк банка и тоа 162,26 милиони денари, а во други три деловни банки чува уште 110 милиони денари.
Вкупната актива е 1,16 милијарди денари и е поголема за речиси 250 милиони денари во однос на 2013 година.
И за крај значајно е да се напомене дека приходите од вложувања се 55,6 милиони денари или 14,8 милиони денари повеќе од 2013 година. Приходите од камати се за 15 милиони денари повисоки и изнесуваат 38,6 милиони денари. Расходите од работење лани биле 413,6 милиони денари 78,6 милиони денари повеќе од 2013 година. Од тоа бруто износ за штети се исплатени 43,5 милиони денари, а за промени во бруто математичка резерва е книжен износ од 210,4 милиони денари. Ова друштво е во целосна сопственост на „Кроација осигурување“ од Хрватска, а во Македонија вработува 35 лица, а трошоците за нив лани изнесувале 16,9 милиони денари односно просечна бруто месечна плата на вработен е во износ од 39.735 денари.