Кроациа Осигурување – Живот од 01.03.2015 година ја збогати својата понуда на производи воведувајќи нов производ „КРУГ НА ЖИВОТОТ“.
Производот е резултат на анализирање на потребите на осигурениците и 130 годишното искуство пренесено од матичната куќа Croatia Osiguranje АД. Загреб.
Со слоганот „Дали сте подготвени за УТРЕ?“, Круг на Животот преставува производ кој е креиран со ниско прилагодена премија да обезбеди доволно парични средства за сите ризици кои го демнат последното животно доба.
За само 3 евра месечно обезбедувате финансиска сигурност за своите најмили во ситуација кога финансиите се последната работа за која тие би требало да размислуваат. Станува збор за полиса за доживотно осигурување која овозможува финасиска сигурност при осигурен случај со минимална месечна премија.