Довербата и лојалноста која ја добиваме од Вас, за нас претставува огромна одговорност и обврска секојдневно да го унапредуваме она што Вие го препознавте како наш најдобар квалитет. Водени од помислата дека не смееме да ја изневериме довербата која ја добиваме постојано ја збогатуваме понудата воведувајќи нови поволности.
Следејќи ги Вашите потреби од 01.02.2015 година Ви овозможуваме подигнување на заем во висина на откупна вредност на Вашата полиса со намалена годишна каматна стапка од 7%. На пример, за заем во висина од 1.000 евра, на период од 12 месеци, ќе платите вкупна камата во износ од само 37.13 евра.
Отсега, можете да подигнете позајмица со винкулирање на Вашата полиса и сами да го одберете периодот на отплата. Дополнително, сами го одредувате и износот на заемот, кој не може да биде повисок од откупната вредност на полисата.
Дека ова е најповолната позајмица за Вас говори фактот што:
- заемот се одобрува во рок од еден ден;
- средствата веднаш Ви се ставени на располагање;
- заем без жиранти или гаранции;
- единствена гаранција е Вашата полиса за осигурување на живот;
- истовремено целосно осигурување;
- административни трошоци изнесуваат само 150 денари потребни за нотарска винкулација на полисата;
- доцнење со уплата на рата до три месеци, без пресметка на дополнителна казнена камата;
- износот на земениот заем не се калкулира во вкупната кредитна задолженост на клиентот.
Ова е единствениот заем кој, во најлоша ситуација, немате обврска да го вратите, бидејќи во таква ситуација, Кроациа Осигурување – Живот се обврзува да ја откупи Вашата полиса и со тоа престануваат Вашите обврски.
За подетални информации за висината на заемот кој може да го подигнете, за периодот на отплата, како и за пробен амортизационен план, Ве молиме да не контактирате на телефон:
02/3215-883 локал 112, 108