Кроациа Осигурување спроведе хуманитарна акција донирајќи финансиски и материјални средства за помош и поддршка на настраданото население од поплавените подрачја во Р.Македонија.
Хуманиратната акција подразбираше финансиска поддршка донирана од Компанијата, како и материјална донација на Компанијата и нејзините вработени, застапници и соработници кои донираа облека, средства за хигиена, пијалоци, постелнина и слично, со цел да им се помогне на нашите граѓани.
Во овој момент најважно е секој од нас да се вклучи во хуманитарната акција за помош на поплавените подрачја и да помогне колку може. Како општествено одговорна компанија, ние чувствуваме одговорност да им помогнеме на граѓаните од овие подрачја. Горди сме на успешноста на оваа акција и значајниот одзив кој го имаа нашите вработени и соработници вклучувајќи се со своја донација. Па така, покрај финансиската донација успеавме да испратиме и бројни пакети со облека, основни намирници за хигиена и конзервирана храна - велат од Компанијата.
Испраќајки апел до сите граѓани да се вклучат во бројните хуманитарни акции и да помогнат во рамки на своите можности, команијата донираните финансиски и материјални средства ги предаде во Црвениот Крст на Р. Македонија.