Croatia osiguranje

Семејството Аларови добитници на наградата „Дубаи на Дланка“

Објавено на: 17/02/2015

Како добитници на наградната игра на Кроациа Осигурување – Живот „Дубаи на Дланка“  семејството Аларови имаа можност да уживаат во декемвриска прошетка низ волшебниот Дубаи.

Проследувајќи дел од своите фотографии со нас ја споделија возбудата за добиената награда и импресиите од патувањето.  

„Пријатно се изненадивме од добиената награда. Наградното патување во Дубаи беше прекрасен подарок за нас и едно незаборавно доживување. Незаборавните впечатоци и импресиите кои ги носиме од Дубаи секогаш ќе не потсетуваат на најважната и најдобрата одлука во нашиот живот, а тоа е склучувањето животно осигурување со Криациа Осигурување - Живот. За понудата на Кроациа Осигурување дознав од еден мој пријател. На состанокот заедно со неговата претпоставена љубезно и професионално ми беа презентирани опциите за избор на полиса за животно осигурување. После консултации со домашните, заклучивме дека полисата за животно осигурување е многу паметна инвестиција. Најсрдечно секому му препорачувам да инвестира во животно осигурување преку Кроациа Осигурување“ – изјави Константин Аларов.  

Задоволството на нашите осигуреници за нас е од непроценливо значење. Затоа, Ви ветуваме дека и понатаму сите наши напори ќе бидат насочени кон оправдување на довербата која ја добиваме и Ви најавуваме уште многу подароци и наградни патувања.