Реномираниот портал за бизнис и економија „Фактор“ ги издвои и посочи бизнис-лидерите за 2014-та година. Вбројувајќи се меѓу најдобрите, признание за успешност од најчитаниот портал „Фактор“ доби и Кроациа Осигурување - Живот.
Заблагодарувајќи се за добиеното признание за успех кое ќе ни биде двигател за нови достигнувања во годините кои ни престојат, во продолжение го пренесуваме текстот објавен на ФАКТОР.МК
Кроациа Осигурување – Живот Скопје и во 2014 година успеа да го одржи растот на премијата над 20 отсто и со тоа да се одржи на врвот на листата на компании за осигурување на живот на македонскиот осигурителен пазар. Минатата година компанијата ја заврши со приход од премија од 6,1 милион евра.
„Над 50% од вкупно продадените полиси за осигурување на живот во Македонија се продадени од нашата компанија. Тоа јасно зборува за довербата на граѓаните од Македонија во брендот Кроација Осигурување, но и во домашната компанија која веќе девет години успешно работи на македонскиот пазар“, вели генералниот директор, Вилма Учета Дузлевска.
Учета додава и дека во 2014 година компанијата остварила раст на добивката од над 15 отсто и обезбеди адекватно учество на осигурениците во добивката, како припис на дополнителна осигурена сума на полисите за осигурување на живот, наградувајќи ја нивната доверба.
Десет години на македонскиот пазар – годинава половина милион исплати на осигурени суми
Во 2014 година матичната куќа, Croatia Osiguranjе, одбележа 130 години од своето основање, но и година во која овој препознатлив бренд, синоним за традиција и квалитет, ја имаше својата приватизација. Новиот сопственик, Адрис Група претставува вистински гигант на пазарот во Хрватска. Станува збор за една од најмоќните хрватски компании, која се покажа како веродостоен и најуспешен хрватски инвеститор, а сега со откупување акциите на Croatia Osigurаnje, е на сигурен пат да стане дел од топ 5 компаниите на овие простори.
„Во 2015 година Кроациа Осигурување – Живот а.д, Скопје ќе бележи десет години од своето работење на македонскиот осигурителен пазар. За нас тоа е посебна година од аспект на први позначителни исплати на осигурени суми коносигурениците кои пред 10 години ни ја дадоа својата доверба. Оваа година компанијата ќе исплати скоро половина милион евра суми за доживување консвоите први осигуреници и токму ова сметам дека ќе биде клучно за разбивањена сите недоумици кои нашите граѓани ги имаат посебно кон новите финансискипроизводи. Очекуваме овие први посериозни исплати да имаат двоен ефект: зголемена доверба во осигурувањето на животно и зголемена продажба“, изјави за Фактор, Учета Дузлевска.
Поддршка на млади таленти и промоција на нови производи
Кроациа Осигурување – Живот а.д. Скопје изминатата година подржа бројни млади таленти да се развиваат и докажуваат во областа на спортот, науката и музиката. А од компанијата велат дека концептот на општествена одговорност и натаму ќе претставува составен дел од деловната стратегија,.
„Свесни за одговорноста која ја носиме застапувајќи го овој бренд и завземајќи ја лидерската позиција на пазарот, секојдневно и темелно сме посветени да го унапредиме она што нашите сегашни и потенцијални осигуреници го препознаваат како наш најдобар квалитет“, додава Учета Дузлевска.
За годинава се најавува збогатување на понудата, со цел да се обезбеди најдобар производ на пазарот кој пред се ќе обезбедува сигурност. Од компанијата за годинава најавуваат нов производ, „Круг на животот“ кој е креиран со ниско прилагодена премија да обезбеди доволно парични средства за сите ризици кои го демнеат последното животно доба.