Ве покануваме на незаборавна новогодишна авантура во Парк Жена Борец, од 25 до 31 декември. Бидете дел од Волшебниот парк кој е создаден од Новогодишниот маркет, Детската волшебна шума, Распеаната елка, од Дедомразовската трка и Централниот дочек на Новата 2015 Година.
Активностите кои се под покровителство на Град Скопје, а во организација на Универзална Сала имаат за цел да ја зголемат новогодишната еуфорија и да допринесат за поголема новогодишна магија.
Во духот на празничното подарување Кроациа Осигурување – Животподготви бројни подароци за сите посетители. Повелете на нашиот инфо пулт, дозволете ни да ги измамиме Вашите насмевки и да го отпочнеме новогодишното подарување.
Празничните активности во волшебниот парк ќе започнат на 25 декември во 12 часот со креативна работилница - цртање лампиони.
Програмскиот дел е од 25 до 30 декември со почеток од 16:30 до 19:30 часот.
Свое учество во културно-забавната програма ќе имаат: Театарот за деца и младинци, Лабаво- Лабаво, дј Снежана, дј Никс, Марлон Брандо, The Sound Messengers, дј Брут, Чил Плеј, Лаура Крлиу, дј Аријан.
Распеаната елка е специјално конструирана и украсена за настап на: Хорот на Злата Мегленска, Хорот на Златно Славејче, хорот Поточиња, хорот Про Арт, хорот при МКЦ и хорот Серенада.
Во сабота на 27 декември за најмалите има и дневна детска програма со почеток од 12 часот.
Новогодишниот маркет ќе биде отворен од 25 до 30 декември со работно време од 11 до 22 часот. Како дел од Новогодишниот маркет се поставени 11 дрвени куќички наменети за промоција и продажба на: колачи и бомбони, пити и пици, греено вино и други топли напитоци, германски колбаси, рачно изработени чоколади и други слатки и солени изненадувања.
Четири куќарки се за новогодишни ракотворби како накит, волнени креации и слично, кои може да бидат пригодни подароци за најблиските, додека последната, 11 куќарка е Инфо Пулт каде ќе можете да добиете детални информации за сето она што ќе се случува од 25 до 30 декември и за Дедомразовската трка.
Волшебната шума е декорирана со интересни новогодишни светлосни украси. Во ова катче децата ќе можат да ги видат и сликаат со Новогодишното еленче, Новогодишното колаче и Новогодишното лижавче и Дедо Мраз.
Посебно возбудлива е Дедомразовската трка која ќе се случува на 28 декември, недела со почеток од 12 часот. Пријавувањето е он-лајн на www.prvdovrv.mk/dedomrazovskatrka и во парк Жена Борец од 25 декември до 30 декември на Инфо Пултот.
Дочекот на Дедо Мраз е на 31 декември на Плоштадот Пела, во 12 часот со пригодна детска програма.
Централниот дочек на Новата Година на 31 декември, е на плоштадот Пела, со почеток од 21 часот. Водители на манифестацијата се Сашко Коцев и Маријана Станојковска. Учесници на програмата за Дочек на Новата 2015 се: Елена Ристеска, Даниел Кајмакоски, Дани, The Sound Messengers, Маја Гроздановска- Панчева, Мустафа Имери, Куку Леле, Есма Реџепова- Теодосиевска, Сузана Спасовска и Наум Петрески. Директен пренос од настанот ќе има на Македонска Радио Телевизија.
Кроациа Осигурување – Живот и Град Скопје Ве поканува да Бидете дел од Волшебна Нова 2015.