Croatia osiguranje

ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ЗА КОГО Е НАМЕНЕТО?

Објавено на: 13/08/2014

Полисата за животното осигуриување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: ИСТОВРЕМЕНО ОСИГУРУВАЊЕ И ЗАШТЕДА.

Животното осигурување е програма која е совршено прилагодлива и секоја полиса претставува единствено решение целосно приспособливо на индивидуалните потреби на осигурениците. Со осигурувањето на живот сами одлучувате колку сакате да штедите, односно сами ја креирате осигурената сума. 

Животното осигурување на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на вложените средства заедно со припишаната добивка по истекот на осигурителниот период.

Дополнително, преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност за најблиското семејство во случај на настанување на несреќен случај со фатални последици, смрт од болест или незгода. Животното осигурување е еден вид на инвестиција во сигурна економска иднина.

ЗОШТО ЛУЃЕТО СКЛУЧУВААТ ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ:

  • Создавање капитал за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено по заминувањето во пензија;
  • Идната пензија е секогаш помала од заработката;
  • Заштеда за задржување на постигнатото ниво на животен стандард;
  • Со осигурување на животот може да се решат многу значајни прашања, школување на деца, стапување во брак, купување на стан, изградба на семејна куќа, или да обезбедите дополнителни сретства за „ деновите на старост “;
  • Заштита на семејството во случај да го изгубат главниот финансиски извор;
  • Ненадејната смрт или тешка болест на носителите на приход во семејството може значајно да го загрози стандардот на живот на сите други членови;

 Возрасни сте или млади, оженети или сами, имате деца или не.... животното осигурување повеќе не е привилегија на поединци, туку неминовна потреба за секого.