Croatia osiguranje

КОКО полиса за сигурно и квалитетно образование

Објавено на: 16/09/2014

Со почетокот на новата учебна година овој месец околу 275 000 ученици повторно седнаа во училишните клупи. Речиси 14 илјади првачиња ги направија првите чекори по својот едукативно-образовен пат. Повеќе од 200 илјади основци и средношкоцли го продолжија патувањето кон попросперитетна иднина.

Ова патување содржи многу значајни моменти – години на школување, испити, приемни испити за високо образование, професионални курсеви. Моменти кои подрзбираат сериозна инвестиција во знаењето на Вашето дете и неговата иднина.

Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Со оглед на зголемените трошоци за образование, се наметнува како нужност потребата од навремено, постепено, планско штедење.

Во пресрет на новата учебна година Кроациа Осигурување - Живот ги засилува своите активности во насока на сé поголема едуцираност на граѓаните за животното осигурување и подигнување на свеста за потребата од штедење.

Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција. Со почетокот на новата академска учебна година речиси 60 илјади студенти го продолжија процесот на свое усовршување, и речиси исто толку семејства ќе се изложат на дополнително задолжување во насока на обезбедување на потребни средства за оваа инвестиција.

Кроациа Осигурување – Живот Ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување на најдобра едукација за своето дете. Со склучување на КОКО - полиса на најрана возраст на Вашето дете, испланирајте ги заштедите и исплатите за образование на Вашето дете, на начин прилагоден на образовното патување.

За нас во Кроациа Осигурување – Живот  примарна препорака за потребите од КОКО – полиса е планот за сигурно и квалитетно образование на Вашето дете. Затоа топло Ви препорачуваме КОКО детско штедно осигурување како решение кое обезбедува потребни средства за сигурна и просперитетна иднина на Вашето дете.