Croatia osiguranje

Кроациа Осигурување дел од ФУДБАЛОДРОМ во Аеродром

Објавено на: 20/06/2014

Покрај кејот на Вардар зад ТЦ „Три бисери“ од 28-ми јуни до 13-ти јули на отворен простор, на кој ќе биде поставен голем екран, фудбалските фанови ќе бидат дел од спектакуларното фудбалско доживување„Фудбалодром“.

„Фудбалодром“  ќе биде настан што ќе ги собере граѓаните што сакаат да уживаат во фудбалот на голем екран и во друштво на стотици фудбалски фанови.

Покрај големиот екран и одличната атмосфера, „Фудбалодром“ ќе биде проследен и со низа други активности, турнири во „плејстејшн“, турнири во рачни фудбалчиња, натпревари во прецизно шутирање, натпревари во „човечки фудбал“ (human football), детско фудбалско катче, друштво со познати македонски фудбалски ѕвезди, настапи на локални бендови и ДЏ-и, пиво и скара.

Кроациа Осигурување како поддржувач на спортот ќе биде дел и од оваа фудбалска треска обидувајќи се да допринесе за јакнење на натпреварувачкиот дух.

Подарувајќи навивачки балони, фудбалски топки и други бројни подароци ќе допринесеме за поголема забава на присутните навивачи и фудбалски фанови.

Ве очекуваме на Фудбалодром во Аеродром!